Поврзете се со нас

Свет

Клубовите кои се повлекоа од Супер лигата повторно ќе станат членови на ЕЦА

Објавено

на

Клубовите кои заработија колективна казна од УЕФА поради првичното прифаќање да бидат од новата Супер лига, повторно ќе бидат членови на Европската клупска асоцијација.

Нејзиниот нов претседател, Насер Ал-Келаифи вечерва официјално го потпиша соопштението според кое деветте екипи ќе се вратат на друштвото на најголемото европско клупско здружение и ќе продолжат да работат на афирмација на фудбалот.

Информацијата се однесува на шесте англиски клубови, плус Интер, Милан и Атлетико Мадрид, додека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбиле официјално да се откажат од проектот, па и натаму нема да бидат дел од ЕЦА.

УЕФА денеска ја соопшти казната за клубовите кои ја признале грешката и се повлекле навреме од Супер лигата, а таа нема да биде класична и клубовите наместо парите да ги дадат во УЕФА ќе мора да платат по 15 милиони евра како донација за добротворни цели.

Освен оваа блага казна, сите клубови ќе загубат по 5% од приходот од натпреварувањата во УЕФА за следната сезона.

Освен овие парични казни, клубовите се согласиле да платат 100 милиони евра казна доколку прифатат да играат во друго натпреварување кое не е поддржано од УЕФА, а доколку прекршат некое друго правило ќе мора да платат 50 милиони евра.

Олеснување за клубовите е што тие не се соочија со забрана за настап во европските натпреварувања за следната сезона.

Европската фудбалска федерација ги предаде „проблематичните“ Реал, Барса и Јуве на дисциплинската комисија, што ги актуелизираше шпекулациите дека тие може да добијат двегодишна суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни