Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Првенството не се освојува, но може да се загуби во декември

Објавено

на

Ливерпул сезонава ќе се бори за титулата во англиската Премиер лига, а засега во најтесниот круг кандидати е заедно со Челси и Манчестер Сити.

Менаџерот Јирген Клоп може да биде задоволен од досегашните резултати, но неговиот тим го очекуваат 9 натпревари до крајот на годината.

– Навикнати се на набиен распоред, истиот е лудост и ќе биде лудост. Ќе биде тешко до крајот на декември.

– Неверојатно е колку квалитетно треба да одиграш за да победиш на натпревар од првенството. Ова е шампионат со највисоко ниво.

– Не можеш да ја освоиш титулата во ноември или декември, но затоа лесно можеш да ја загубиш. Засега не сум концентриран на противниците, не ги гледам натпреварите на Сити и Челси за да се надевам дека нема да победат. Има уште многу натпревари, а ние треба да се концентрираме на нашите, – изјавил Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни