Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кјелце откри дека коронавирусот повторно навлегол во Вардар, двата тима одат во изолација

Објавено

на

Вардар во средата го загуби и вториот меч со Кјелце во Лигата на шампионите, а два дена по одигрувањето на овој натпревар, попладнево од Полска пристигна вест која открива дека во редовите на македонскиот првак одново навлегол коронавирусот.

Иако од таборот на „црвено-црните“ засега молчат и се немаат огласено со никакво соопштение, Кјелце ја информираше јавноста дкеа нема да го одигра предвидениот натпревар во домашното првенство претстојниот викенд, сето тоа како последица на позитивните Ковид 19 тестови во редовите на македонскиот претставник со кого играа пред два дена.

– Според одлуката на Суперлигата, следниот натпревар кој беше закажан за утре во домашното првенство нема да се одигра. Кјелце доби информација за четири позитивни играчи на коронавирус во редовите на Вардар, кои во средата, на 25 ноември, играа во салата „Легионов“.

– Поради тоа, целата екипа на Киелце оди во самоизолација која ќе трае до први декември. На тој ден, цел тим ќе оди на тестирање. Доколку тестовите се негативни, тимот ќе го одигра мечот против ПСЖ во Лигата на шампионите, – гласи објавата на Кјелце.

После ова, повеќе од веројатно е дека и цел тим на Вардар ќе замине во изолација, што значи дека ќе бидат одложени натпреварите против Порто и ПСЖ во Лигата на шампионите

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни