Поврзете се со нас

Англија

Кин одобри една од двете англиски трансфер цели на Јунајтед: Потребен е напаѓач од светска класа

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед стави крај на сезоната во Премиер лигата со победа над Фулам од 2:1 и заврши како третопласиран на табелата, но сега станува јасно дека клубот ќе вложи сериозни пари претстојново лето и ќе се обиде да отиде едно скалило погоре со Ерик Тен Хаг.

Првата сезона на Холанѓанецот во Манчестер добива навистина преодна оценка без оглед на епилигот на финалето во ФА Купот, а веќе се споменуваат неколку звучни имиња како потенцијални засилувања во јуни, јули и август.

Хари Кејн се поврзува со Јунајтед веќе подолго време, но во последно време посебно на сила доби веста за Мејсон Маунт, кој има големи шанси да направи трансфер на „Олд Трафорд“ за сума од 55 милиони фунти.

Играчот за врска имаше сезона за заборав во Челси, па откако не пронајде заеднички јазик за продолжување на договорот, сега е пред преселба во ривалот од Премиер лигата.

Сепак, Рој Кин не е баш голем оптимист пред воопшто да се реализира овој трансфер, бидејќи според него Маунт забележал драстичен пад во формата во последните две години.

– Не сум толку сигурен дека Јунајтед треба да го донесе Маунт. Да, се надевам дека Јунајтед ќе биде тимот кој ќе го предизвика Сити наредната сезона, иако и тоа ќе биде многу тешко. Јунајтед мора да купи напаѓач од светска класа, но дури и така ќе биде тешко со Сити кој игра брилијантно, а има и брилијантен менаџер.

– Јунајтед се поврзува со многу играчи, а најмногу возбуда кај мене предизвикува Кејн. Со Маунт не сум убеден. Мејсон веќе не „врие“ како во првите сезони во Челси. Знам дека отскокнува и има квалитети, многу го сакав пред неколку години, но тој едноставно не игра фудбал последните две години. Фактот што не може да се снајде во лошиот тим на Челси не е баш добро, – изјави Рој Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни