Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кимих му пресуди на Арсенал, Германија ќе има два претставници во полуфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен е класа за себе во Европа дури и во сезона во која има разочарувачки резултати во домашното првенство, а доказ за тоа е пласманот на баварците во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Иако многумина го отпишаа тимот на Томас Тухел пред пресметките со разиграниот Арсенал, германскиот великан уште еднаш покажа дека има далеку поголемо искуство во Европа, па така откако одигра 2:2 на првиот меч, денеска ја искористи предноста од домашен терен.

Гостите од Северен Лондон изгледаа поопасно во првото полувреме кое заврши без голови, но вториот дел целосно им припадна на домаќините кои доста брзо пристигнаа и до клучен гол.

Кејн отвори со греда и во истата акција Горецка ја погоди и стативата, но тоа што не го искористија овие двајца, му успеа на Џошуа Кимих кој се најде на вистинско место во 63-та минута.

Кимих беше небранет од никого по одличниот центаршут на Гереиро и силно ја смести топката во мрежата, а ова се покажа како пресуден момент на вечерашниот меч на „Алијанц арена“.

Баерн на овој начин стана третиот патник во полуфиналето во Лигата на шампионите, втор германски по Борусија Дортмунд. Последниот ќе го дознаеме од дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид кој отиде во дополнителни 30 минути игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни