Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кил издоминира против Барселона и ја освои четвртата европска титула

Објавено

на

Германски Кил доминираше во финалето на ракометната Лига на шампиони и стигна до четвртата европска титула, победувајќи ја фаворизираната Барселона во Келн (33:28).

Шпанскиот првак постојано бркаше негатива во „Ланксес“ арената, а Кил со одлична игра во одбрана и со помош на расположениот Ландин на голот, уште на полувреме поведе со 19:16.

Во 41. минута, бундеслигашот првпат поведе со пет голови позитива (25:20) и најави дека Барселона ќе има тешка работа да го елиминира заостанувањето, а избраниците на Чави Пасквал се приближија до 29:26, но нереализираниот обиди преку Фабрегас и Абелјо значеа испуштена последна шанса да се фати резултатски приклучок.

Во последните четири-пет минути Кил не дозволи неизвесност и драма и на крајот заслужено славеше со 33:28.

Барселона останува на осум, додека Кил сега има четири европски титули, а тренерот Филип Јиха стана првиот кој ја освоил ЛШ како играч и тренер со ист тим.

Во офанзивниот дел, најзаслужни за победата беа Екберг со 8 и Сагосен со 7 голови, додека Ландин забележа 14 одбрани. Во редовите на Барселона, Абелјо стигна до 10 голови, Мем беше задржан на 4 погодоци, а целосно потфрли Палмарсон со 1 гол од 5 обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни