Поврзете се со нас

Англија

Кејн со јасна порака: Не ни требаат расисти меѓу фановите

Објавено

на

Расистичките напади на адреса на неколку англиски репрезентативци го налутија капитенот Хари Кејн, кој испрати порака до фановите.

Англичаните се разочарани по поразот во финалето на Европското првенство, а дел од неодговорните фанови расистички ги навредувале играчите како Рашфорд, Санчо и Сака, кои не ги реализираа своите пенали.

– Три момчиња кои беа брилијантни цело лето имаа храброст да изведат пенали кога влогот беше голем.

– Тие заслужуваат поддршка, а не одвратни расистички навреди.

– Ако некого злоставувате на социјалните мрежи, не сте навивачи на Англија и не ни требате, – порачал Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни