Поврзете се со нас

Англија

Катастрофалната реакција на Салах ги урна надежите на Ливерпул, Рома по вторпат го победи Милан (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Мо Салах во безброј наврати бил јунак на Ливерпул и бил одлучувачки за големи резултати на Ливерпул, но вечерва токму тој ги згасна надежите на „црвените“ дека можат да напарават чудо во Бергамо.

Ливерпул одигра навистина лошо на домашен терен пред една недела и неочекувано загуби со 0:3, а иако денеска добро отвори, сепак не можеше да профитира онака какошто посакуваше.

Салах од пенал погоди за 0:1 по само 7 минути игра и тогаш се разбудија надежите кај англискиот великан, кој продолжи да притисока до крајот на првиот дел и имаше сериозна шанса за целосно враќање во двомечот.

Египќанецот излезе сам очи в очи со противничкиот голман во 39-та минута и имаше извонредна шанса за вкупни 3:2, но наместо да бира најлесно решение, Салах се одлучи за лоб и биеше навистина многу лошо. Неговата катастрофална реакција беше почеток на крајот за Ливерпул, бидејќи Аталанта успеа да се прибере во вториот дел и доста мирно го одбрани својот гол.

Со вкупни 3:1, „Ла Деа“ патува во полуфиналето, а таму ќе ја гледаме и Рома која по вторпат го победи Милан. „Волчицата“ со брзи два гола на Манчини и Дибала им пресуди на „росонерите“, кои во продолжение успеаја да постигнат еден гол, што беше сепак премалку за пласман во наредната фаза.

Рома играше со човек помалку од 31-та минута поради исклучување на Челик, но Милан постигна гол дури во 85-та минута и тоа беше предоцна за било каква драма на „Олимпико“. Покрај Аталанта и Рома, пласман во полуфиналето обезбеди и Баер Леверкузен кој ремизираше вечерва со Вест Хем (1:1), а последниот патник ќе го дознаеме од мечот меѓу Марсеј и Бенфика кој отиде во продолжение.

Утката на Салах погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни