Лига на шампиони
Карагер за епското финале во Истанбул: Тоа беше чудо, Милан беше 114 минути подобар од нас…
Пред точно 15 години Ливерпул во едно супер драматично финале успаа да слави над Милан и да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Ова беше едно епско финале, меч во Истанбул кој дефинитивно ќе се памети со оглед на тоа што „црвените“ буквално се вратија од мртвите со оглед на тоа што по првиот дел губеа со 3-0. Меѓутоа премиерлигашот имаше фантастичен кам-бек во вториот дел и за само шест минути преку Џерард, Шмицер и Алонсо успеа да израмни на 3-3.
Дуелот замина во продолженија во кои голманот Дудек имаше една неверојатна двојна интервенција по ударите на Шевченко за да на крајот се се реши на пенали во кои англичаните беа подобри со 3-2 и се искачија на врвот на Европа.
Дудек за чудесната одбрана во финалето во Истанбул: На Шевченко му требаа две години…(ВИДЕО)
-Ние пред натпреварот знаевме дека Милан е далеку подобар од нас, ама тоа не значеше дека не можеме да победиме. Ама кога губите 3-0 на полувреме од тим кој е подобар од вас, тешко е да се каже сега ќе го направиме ова и ќе се вратиме во натпреварот.
-Настапот на Милан беше неверојатен. За 114 минути, тие имаа еден од најдобрите настапи што ќе ги видите во финалињата на Лигата на шампионите. Половина од тој тим следната година ќе го освои СП. Шевченко беше најдобриот напаѓач на светот во тоа време, Кака стане најдобриот играч на светот заедно со Роналдињо во следните неколку години.
-Тоа беше посебен тим кој имаше специјален настан со исклучок на тие шест минути, но тоа е фудбалот и тоа е она што го прави нашиот спорт најдобар.
-Беше чудно, се велеше дека е чудо и тоа беше-чудо, -истакна Џејми Карагер.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија17 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!