Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дудек за чудесната одбрана во финалето во Истанбул: На Шевченко му требаа две години…(ВИДЕО)

Објавено

на

На денешен ден пред точно 15 години Ливерпул успеа да ја освои петтата титула во Лигата на шампионите и тоа на чудесен начин во битката против Милан, битка во која по првиот дел губеше со 3-0, но потоа се издигна во продолжението, успеа да дојде до 3-3, продолжение, пенали во кои беше поуспешен со 3-2 и се искачи на врвот на Европа.

Во тоа финале во Истанбул херој беше голманот Јержи Дудек кој можеби таа вечер го одигра натпреварот на неговиот живот, а особено ќе се памети неговата двојна интервенција во продолжението против Андреј Шевченко.

Таа одбрана и денеска игра чудесно, а токму за истата отворено проговори Полјакот.

-На Шевченко му беа потребни две години за да собере храброст и ме праша. Бевме во Кардиф, работејќи заедно како дел од заедничката кандидатура на Полска и Украина за домаќин на ЕП 2012 година. Се запознавме многу добро за време на кампањата и тој ден Шева конечно го постави прашањето. По ѓаволите Јержи, сега можеш да ми кажеш-како успеа да ја направиш таа одбрана во продолжението?

-Јас му се насмевнав: Не грижи се, другар. Ти ги имаше своите пет минути против Јувентус во 2003 година, а јас моите пет минути ги имав во Истанбул!

-Вистината е, не можам да ја објаснам таа одбрана. Тоа е една од оние работи секундарни работи, каде што се потпирате на инстинкт, рефлекси и секако, малку среќа.

-Дали знаете дека долго време по финалето мислев дека првичниот удар со глава е од Томасон? Знаев дека има двајца играчи на Милан слободни во шестнаесетникот, но по тоа се беше замаглување, -истакна Дудек за „Гол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни