Поврзете се со нас

Англија

Карагер со критики за фудбалер на Ливерпул: Не го оправда трансферот на „Енфилд“

Објавено

на

Ливерпул во моментов мора да настапува без неколку важни играчи кои се дел од своите репрезентации на Африканскиот куп на нации, па замените на Салах, Мане и Кејта мора да ги оправдаат очекувањата на фановите за да се избегне негативен ефект врз резултатите.

Но, според Џејми Карагер, тоа не е така во случајот со Такуми Минамино, фудбалер кој не го оправдал својот трансфер на „Енфилд“.

Реакцијата на екс дефанзивецот дојде откако Јапонецот промаши зицер на вчерашниот дуел со Арсенал.

– Промашувањето на Минамино покажува дека тој не игра смирено, а тоа е добар показател за натпреварот на екипата, но и за целиот престој на фудбалерот во редовите на Ливерпул.

– Тој не успеа да се наметне во овој дрес, никогаш не направил нешто важно за Ливерпул и ова промашување ги сумира сите работи, – рекол Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни