Поврзете се со нас

Англија

Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега стручен аналитичар за „Скај Спортс“, Џејми Карагер е убеден дека еден фудбалер на тимот набрзо ќе го загуби првотимскиот статус.

Станува збор за Роберто Фирмино кој никако не може да ја пронајде формата која го красеше минатите сезони и сега мака мачи да го пронајде патот до мрежата на противниците.

Фирмин заедно со Мохамед Салах и Садио Мане го чинат напаѓачкото трио на Ливерпул кое разочара уште еднаш и трет натпревар по ред не постигна погодок во Премиер лигата.

Карагер смета дека токму Фирмино ќе биде играчот кој ќе биде преселен на клупата поради ваквата лоша форма најмногу поради фактот што Мо Салах и Садио Мане засега се недопирливи.

– Кога зборуваме за тимот на Ливерпул зборуваме за тројцата напаѓачи. Речиси и сите да дојдоа заедно како целокупно пакување. Причината што велам дека тројцата напаѓачи на Ливерпул се уникатни е затоа што тие тројца се подобри од било кои други во лигата, сега веќе долго се заедно.

– Но, сега или подоцна ова трио мора да биде разбиено. Не можете од сега за две години да кажете ќе купиме нови тројца напаѓачи за да ги заменат нив, ќе треба време за промена. Убеден сум дека Мане и Салах ќе почнат да даваат голови повторно, но мора да кажам дека сум загрижен за Фирмино.

– Тој никогаш не е посочен како гол играч иако игра најнапред. Кога Мане и Салах не даваат голови тој мора да биде закана за противничките голмани, затоа мислам дека наскоро ќе испадне од тимот, -јасен бешеКарагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни