Поврзете се со нас

Италија

Јувентус веќе ја пронајде замената за Рабио

Објавено

на

Се очекува во скоро време Адриен Рабио да си замине од редовите на Јувентус и веројатно да направи трансфер во Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот клуб веќе се договорил со „ѓаволите“ и за комплетна реализација на трансферот останува да се договорат играчот и Манчестер Јунајтед.

Од друга страна, Јувентус веќе ја договорил заменатаза Рабио и во клубот треба да пристигне аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес од ПСЖ.

Во обратна ситуација како таа со Рабио, Јувентус се договорил со самиот играч и веќе постигнале договор за неговите примања, но за рализација на трансферот се очекува договор со тимот на ПСЖ.

Наводно од ПСЖ биле подготвени да се ослободат од Паредес и трансферот ќе биде реализиран во скоро време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни