Поврзете се со нас

Италија

Јувентус и Сасуоло конечно ги решија деталите, Локатели пристигнува во Торино

Објавено

на

Јувентус и Сасуоло мораа да одржат неколку состаноци, но на крајот успеаја да постигнат договор за трансферот на Мануел Локатели во Торино.

Попладневно била реализирана клучната преговарачка сесија по која двата клуба ги договориле деталите и италијанскиот репрезентативец деновиве ќе биде промовиран во редовите на „бјанконерите“.

Локатели ќе биде позајмен во Јувентус две сезони, а потоа торинскиот клуб ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 35 милиони евра.

Фудбалерот на Сасуоло досега беше на заслужен одмор, па подготовките за новата сезона ќе ги започне под водство на Макс Алегри, кој добива сериозно засилување во средниот ред.

Пред да настапува за Сасуоло неколку сезони, Локатели беше член на Милан, а летово имаше одлични настапи на Европското првенство каде стана првак со италијанската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни