Поврзете се со нас

Боречки спортови

Јунак на деценијата: Георгиевски обезбеди финале и ќе се бори за златен медал во Токио!

Објавено

на

Дејан Георгиевски го исполни она што го најави уште вчера, па така ова утро со три извонредни победи обезбеди олимписки медал за Македонија, кој останува да видиме дали ќе биде златен или сребрен.

По двете стартни победи над Кубанецот Рафаел Алба Кастилјо и Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска, македонската таеквондо гордост се пласираше во полуфиналето, а таму одново издоминира на свој препознатлив начин, бидејќи до израз дојде неговата техника со нозе.

Кореецот Ин ја доби првата рунда со 1:0, но потоа следеше агресивен пристсап од Македонецот кој со серија од пет поени поведе со 5:1. Во овој дел од борбата, Ин успеа да се врати во игра и намали на 5:3, но во решавачките две минути, Георгиевски повторно ги презема работите во свои раце.

Со два чисти удари, поведе со 9:4, а на крајот кога веќе ја осигура победата, прими два удари и мечот заврши со конечни 12:6 со кои Македонија добива нов олимписки јунак.

Оваа победа му гарантира олимписки медал (има најмалку сребрен), а во финалето во кое ќе се бори за злато ќе ги одмери силите со Русинот Владислав Ларин. Оваа борба е закажана за 14:45 часот по македонско време.

Георгиевски ќе стане прв македонски спортист по Могамед Ибрагимов кој обезбеди медал во борење на ОИ во Сиднеј 2000 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни