Поврзете се со нас

Боречки спортови

Маестрална борба: Георгиевски издоминира против светскиот шампион и се пласираше во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Македонскиот таеквондо мајстор, Дејан Георгиевски се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри, откако во својата борба рано утровото по наше време успеа да издоминира против светскиот шампион.

Рафаел Алба Кастилјо пристигна во Токио со приматот светски првак, но уште во првата борба се соочи со елиминација поради извонредните вештини на нашиот претставник.

Георгиевски уште пред својот настап најави дека атакува на медал и дека не се плаши од ниту еден противник, нешто што го покажа и на дело против Кубанецот.

По првите два дела од борбата, Македонецот имаше предност од 10:3 во поени и ја најави големата победа, а потоа пристапи малку подефанзивно и попретпазливо пред да слави со конечни 11:8.

Со пласманот меѓу осумте најдобри, Георгиевски е многу поблиску до посакуваната цел, а во оваа рунда противник ќе му биде Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни