Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед во објавата за слободни играчи откри каква е ситуацијата со Де Хеа (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед направи голема глупост со Давид Де Хеа и го натера да потпише договор кој претходно не бил педантно комплетиран од страна на клубот, поради што Шпанецот остана без важечки договор на почетокот на месец јули.

Последниот активен договор на искусниот голман истече вчера на полноќ и од денеска Де Хеа е слободен агент, но медиумите од Англија информираат дека клубот сега бара од него да не потпишува со друг клуб.

Јунајтед објави вест за ослободување на играчите кои беа на позајмица и враќање на оние кои беа на заем, а на крајот од истата има и краток дел посветен за Де Хеа.

– Во меѓувреме, договорото на Де Хеа истекува, но преговорите остануваат отворени со голманот кој долги години е дел од првиот тим, – се вели во соопштението на Јунајтед.

Ова значи дека Манчестер се уште планира да му понуди нов договор на Де Хеа, што е спротивно од тврдењата на дел од јавноста дека тој на крајот неславно ќе ја заврши кариерата на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни