Поврзете се со нас

Македонија

Јовиќ: Имаме јасна цел и визија, со уште две засилувања ќе имаме одлична екипа за новата сезона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Екипата на Еурофарм Пелистер означи старт на подготовките за новата сезона во која клубот ќе има предизвици на домашната сцена, а по подолга пауза и во Лигата на шампионите.

Шампионот Пелистер означи старт на подготовките, екипата утре заминува за Маврово

Ова значи дека тимот мора да биде максимално подготвен, да има квалитетни играчи на секоја позиција бидејќи се повеќе од потребни за да можат „зелено белите“ се претстават во најдобро светло.

„Фармацевите“ ангажираа неколку засилувања и тоа Урош Борзаш (Елверум), Нејц Цехте (ГОГ Гудме), Андреас Јохан Нилсен (Морс), Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2), а тренерот Александар Јовиќ сака уште едно до две имиња за да се биде идеално.

-Сигурен сум дека ќе направиме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите, а покрај тоа и да ги оствариме зацртаните цели во домашниот шампионат и Купот на Македонија. Нашата визија и цел е да направиме спој од македонски квалитетни млади ракометари дополнително со странски играчи. Не сакаме да имаме преголем број на ракометари во ростерот, мислам дека со уште едно до две засилувања ќе направиме одлична екипа за новата сезона, -порача Јовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни