Поврзете се со нас

Боречки спортови

Јовановска го освои деветтото место на своето олимписко деби

Објавено

на

Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска не успеа да ја мине првата фаза во натпреварот во кати на карате турнирот на Летните олимписки игри во Токио.

Јовановска оствари резултати 23,8 и 24 поени (просечна оценка 23,9), што беше доволно за деветто место од вкупно десет каратистки кои се натпреваруваа во оваа дисциплина.

Македонската претставничка беше последна во својата група, а најдобар резултат оствари Сандра Санчез од Шпанија (27,86).

Последен претставник на Македонија во Токио ќе биде борачот Магомедгаџи Нуров, кој ќе има поголеми амбиции на утрешниот настап на турнирот во борење слободен стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни