Поврзете се со нас

Олимписки игри

Историски подиум: 13-годишно девојче освои златен медал во Токио

Објавено

на

Тринаесетгодишното девојче Момиџи Нишија е најмладиот освојувач на златен медал во историјата на Јапонија, откако ова утро успеа да го освои најважното одличје во скејтбординг натпреварот кој се одигра во Токио.

Младата Момиџи има само 13 години и испиша историја во својата земја, но заедно со ривалките кои ги имаше во финалето, се погрижија да го видиме најмладиот подиум во историјата на Олимписките игри.

Сребрениот медал го освои 13-годишната Бразилка Раиса Леал, додека бронзата и припадна на 16-годишната Фуна Накајама од Јапонија.

Со средна возраст од 14 години и 191 ден меѓу сите три натпреварувачки, ова се претвори во најмладиот индивидуален подиум во историјата на едни Олимписки игри.

Кога е историјата во прашање, Нишија сега е втора најмладата златна олимпијка на едни Олимписки игри, зад рекордерка Мерџори Гестринг од Америка која на Олимписките игри во Берлин освоила злато со 13 години 267 дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни