Поврзете се со нас

Репрезентација

Интервју на Лазаров: Ниту еден успех нема да ме опие, ниту еден неуспех ќе ме разочара!

Објавено

на

Селекторот на македонската машка ракометна селекција, Кирил Лазаров, минатата седмица беше актуелен во јавноста поради пласманот на „Финал 4“ турнирот со францускиот клуб Нант, како и со првиот дел од интервјуто за македонскиот ракометен портал „Само ракомет“.

Сега е објавен и вториот дел на ова интервју, во кое капитенот и селектор дава одговори на повеќе актуелни теми како разделбата со клубот „КЛ7“, заминувањето на Борко Ристевски од репрезентацијата, настапите на Филип Миркуловски, составот на неговиот стручен штаб, како и притисокот да успее во новиот ангажман.

– Имаме краткорочни и долгорочни цели. Ниту еден успех нема да ме опие, ниту па неуспех да ме разочара. Треба да поставиме база, темели… каде што би биле мирни наредните 15-20 години. Тоа можам да Ви го ветам и да спиеме мирно за иднината на македонскиот ракомет. Победа, пораз, еуфорија, моментална депресија, вакви моменти ќе ги имаме многу и тоа е убавината на спортот. Видете ги  Французите, Германците … нив квалитетниот систем ги држи секогаш високо горе! Не ни значи многу една победа над Данска, ако потоа не снема од ракометната сцена. Имам поминато многу и знам што зборувам. Чест ми е да го створам ова, во годините што следат сакам да направам историја со македонската репрезентација,- вели мотивираниот Лазаров.

Вториот дел од ова интервју можете да го прочитате во целост на страниците на „Само ракомет“, следејќи го ОВОЈ ЛИНК.

Лазаров на 12 и 13 јуни во Келн ќе настапи на завршниот турнир, при што во полуфиналето неговиот актуелен тим Нант се сеќава со неговиот поранешен тим, Барселона. Победникот од овој дуел ќе игра со победникот од дуелот Париз Сен Жермен – Алборг.

Претходно, Лазаров соопшти дека и идната сезона ќе биде активен во дресот на Нант, што е во линија со неговата претходна изјава дека ќе сака да се прости од активното играње кога публиката ќе се врати во салите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни