Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Египет беше едно од најлошите искуства, ни требаше тотален рестарт!

Објавено

на

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, даде опширно интервју за новиот ракометен портал „Само ракомет“.

Во мега-интервјуто кое се објавува во два дела, тој говори на повеќе актуелни теми, а се навраќа на светското првенство во Египет, каде што Македонија немаше достоинствен  настап.

– Во Египет се случи да одиме со наведнати глави пред цел ракометен свет кој беше таму, да едноставно остануваме во собите за да не ни се потсмеваат. Пробавме јас и поискусните играчи да ги разбудиме другите… не одеше никако, немаше реакција, едноставно се чувствуваше дека ни треба рестарт тотален. Можеби Светското првенство во Египет беше едно од најлошите искуства во мојата репрезентативна кариера,- вели Лазаров во интервјуто.

Првиот дел од овој разговор е веќе објавен на „Само ракомет“, а вториот дел е најавен за следниве денови.

Прочитајте ги другите прашања и одговори со клик на овој линк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни