Поврзете се со нас

Италија

Интер спасуваше бод против Парма (Видео)

Објавено

на

Иван Перишиќ постигна гол во судиското продолжение за неговиот Интер да остане непоразен на домашен терен на дуелот со Парма (2:2) од Серија А.

Гостите имаа сериозни проблеми со коронавирусот, откако неколку фудбалери отпаднаа од составот непосредно пред патувањето во Милано, но Парма успеа да дојде и до предност од 0:2.

Првото полувреме донесе првична доминација на Интер, но и добро парирање на гостите во завршниот дел, за во второто полувреме, Жервињо да постигне два гола, со кои ја доведе Парма до сериозна предност.

Интер мораше да игра поофанзивно, а реализацијата дојде од хрватските фудбалери во составот на Антонио Конте.

Намали Брозовиќ во 63. минута, додека израмнувањето дојде во 92. минута, кога Перишиќ погоди со глава на асистенција на Коларов и ги постигна конечните 2:2.

Со овој бод Интер има вкупно 11, три помалку од лидерот Милан кој има и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни