Поврзете се со нас

Италија

Интер подготвува нов случај „Де Фрај“

Објавено

на

Раководството на Интер предводено од Бепе Марота периодов активно работи на обезбедување квалитетен дефанзивец за следните сезони.

На барање на тренерот Симоне Инѕаги, акгуелниот италијански првак преговара со агентите на Луис Фелипе од Лацио, а во корист на Марота и Интер оди фактот што договорот на Бразилецот со италијански пасош истекува токму ова лето.

Фелипе веќе добил многу подобра финансиска понуда од Интер, а во насока на прифаќање нов предизвик води и фактот што повторно би соработувал со Инѕаги и би играл во екипа со многу поголеми амбиции.

Најавите се дека во Интер, дефанзивецот ќе добие годишна плата од 2,7 милиони евра.

Доколку Интер го доведе Луис Фелипе без отштета, тоа ќе биде повторување на случајот со Стефан де Фрај, кој на идентичен начин се пресели во Милано во 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни