Поврзете се со нас

Франција

Икарди ги разреши сите дилеми и откри каде ќе настапува во новата сезона

Објавено

на

Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди испрати јасна порака и ги разреши сите дилеми околу тоа во кој клуб ќе настапува во престојнава сезона.

Во изминатиов период Икарди се поврзува со враќање во Италија со тоа што најмногу се споменуваше Јувентус и тоа за размена за Кристијано Роналдо кој пак би завршил на „Паркот на принцовите“. Меѓутоа до ваква зделка нема да дојде и тоа го потврди самиот Мауро искажувајќи верност кон „светците“.

-Оваа сезона, наредната и наредната. Немало никаков сомнеж. Ајде ПСЖ, -порача Икарди кој минатата кампања ја заврши со 13 голови на 28 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни