Поврзете се со нас

Македонија

Ибраими објасни зошто потпиша за Струга: Ова е сериозен клуб, можам да ветам…

Објавено

на

Составот на Струга Трим Лум направи голем потег и во своите редови го донесе поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Ибраими.

Големо засилување за прволигашот: Струга се договори со поранешен напаѓач на Шалке (ВИДЕО)

Ибраими одлучи да се врати дома по епизодата во грчки Ксанти, односно реши да потпише за тимот кој минавата сезона ја заврши на шестата позиција во шампионатот.

-Се решив за Струга бидејќи навистина е многу сериозен клуб кој секојдневно се труди да расте и да го достигне врвот во домашниот фудбал. Им благодарам на челниците на клубот за укажаната доверба, додека јас како Бесарт ви ветувам дека ќе го дадам максимумот, исто така на струшките навивачи им ветувам голови преку кои ќе стигнеме до европските натпреварувања, но секако и остварување на целите на клубот, -порача најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ.

Инаку Бесарт во Македонија има играно во Влазрими, Напредок, Ренова и Шкендија, додека надвор од нашите граници настапуваше во Украина, Германија и Кипар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни