Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ибрахимовиќ шокиран: Побарав да подигнат рака соиграчите кои играле во ЛШ, мислев дека е шега!

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ поради претпазливост го пропушти воведниот меч на Милан во Лигата на шампионите, што воедно беше прв настап за „росонерите“ во најелитното натпреварување по пауза од седум години.

Поради проблем со тетивата, Ибра реши да не ризикува и не се појави на теренот на „Енфилд Роуд“, стадион на кој Милан во средата претрпе пораз од 3:2 со пресвртот кој го направи домашниот Ливерпул во вториот дел.

Ибра зборуваше пред италијанските новинари за настапот кој го имаа неговите млади колеги на највисока европска сцена, што дефинитивно е прво искуство за огромен дел од нив. Златан вели дека во Лигата на шампионите се мери вистинскиот квалитет на тимот, но признава дека по крајот на минатата сезона која беше одлична за Милан во Серија А, останал шокиран кога дознал дека само двајца или тројца соиграчи го искусиле најсилниот европски турнир.

– За голем дел од играчите, натпреварот со Ливерпул беше нивно деби во Лигата на шампионите. Сега сфатија за што станува збор и што треба да се прави во тоа натпреварување. Среќен сум за моите соиграчи, бидејќи добро се сеќавам на моментот од крајот на минатата сезона.

– Ги прашав колкумина играле во Лигата на шампионите, а рака кренаа само двајца или тројца. Мислев дека се шегуваат со мене, но тоа беше вистината. Топката со која се игра Лигата на шампионите ви дава друга енергија, имате повеќе адреналин во себе. Едвај чекам повторно да играм во Лигата на шампионите пред преполн „Сан Сиро“, – изјави Златан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни