Поврзете се со нас

Свет

Ибра од Русија: „Скорпион“ магија на футсал од која застанува здивот (Видео)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ се прослави со своите акробатски погодоци во фудбалската кариера и безброј пати ги имаа воодушевено фудбалските фанови, но дури и популарниот Ибра сигурно ќе остане импресиониран од последната футсал магија која доаѓа од Русија.

Автор на ремек-делото е Андреј Батирев кој веќе и е познат на јавноста по изведување на импресивни „паненка“ пенали на мал фудбал, но сепак магијата која ја извел во последното коло во руската Суперлига ги надминува сите негови досегашни мајстории.

Батирев постигнал страшен гол со акробатски „скорпион“ удар и направил додавањето од голманот да стана вистинска футсал сензација во Русија, која сега се прошири со брзина на светлината и стана вирален хит.

Генијалното решение на Андреј било само потврда за неверојатната партија на која постигнал три гола, а реакцијата на неговите соиграчи најдобро отсликува каква атракција изведе на теренот.

Зачуден останал и противничкиот голман кој со својот обид да го одбрани ударот само ја разубави магијата на Батирев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни