Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватска покажа моќ, Червар порача: Блиску сме до првата цел на мундијалот

Објавено

на

Репрезентацијата на Хрватска значително го подигнува нивото во играта од натпревар во натпревар, па така денеска без никакви проблеми ја збриша селекцијата на Бахреин која едноставно не беше достоен ривал за „каубоите“ на Лино Червар.

Искусниот хрватски стручњак беше презадоволен од бедемот кој го направи неговата одбрана на денешниот натпревар, сегмент од играта кој всушност направи Хрватите да имаа комотна предност во најголем дел од мечот, со исклучок во второто полувреме во кое во еден момент се опуштија.

После малиот пад, Хрватска повторно тргна поангажирано и на крајот славеше со убедливи 28:18, па со првата победа во главната рунда, „каубоите“ се само на една победа од пласман во четвртфиналето на ракометното Светско првенство во Египет.

– Добро игравме, имаше огромна ангажираност од сите играчи. Постоеше мотивација и тоа беше јасно уште од стартот на мечот. Во првите 20 минути не можеа да ја пробијат нашата зона, бевме агресивни, поготово во средината на одбраната. Исто така, нападот имаше решение за нивната одбрана и се добро функционираше.

– Потоа, во вториот дел, имавме пад, мислевме дека се е готово, но набрзо се вративме во ритам и одморивме неколку важни играчи. Имаме само уште еден чекор, ни недостасува само уште една победа за четвртфинале. Ќе се подготвиме, следен меч е Аргентина. Блиску сме до остварување на првата цел, а тоа е четвртфиналето на мундијалот, – изјави Червар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни