Поврзете се со нас

Свет

Хендрикс го продолжи договорот со Нигата Албирекс

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Ричард Хендрикс и во следната сезона ќе настапува во далечната Јапонија во таборот на Нигата Албирекс.

Искусниот крилен центар во дресот на Нигата имаше импресивни бројки од 15.7 поени, 10.4 скока и 3.8 асистенции пред сезоната да се прекине во Б1 лигата на Јапонија поради коронавирусот, но ова дефинитивно беше одлична препорака и тој и раководството се дговорија за продолжување на соработката.

Хендрикс во минатото настапуваше за нашиот национален тим, но останува отворено прашањето дали тоа ќе го прави, поточно добие повик и во иднина. Тој поради семејни проблеми и прескокна квалификациските дуели зз Евробаскетот против Естонија и Русија кои се одиграа во месец февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни