Поврзете се со нас

Германија

Хаос на натпревар во Германија: Играч на Хамбург се качи на трибините и се пресмета со навивач на Динамо (Видео)

Објавено

на

Вистински хаос се случи по натпреварот од германскиот куп помеѓу Динамо Дрезден и Хамбург.

Клубот од Дрезден го доби натпреварот со убедливи 4:1, а по средбата интервју за медиумите даваше одбранбениот играч на Хамбург, Тони Лајстнер. Лајстнер е роден во Дрезден и четири години го носел дресот на Динамо, па токму затоа тој беше избран за да биде интервјуиран.

Сепак, додека траеше интервјуто од трибините Лајстнер слушнал навреди на своја сметка и веднаш истрча за да се пресмета со фанот кој ги упатил навредливите зборови.

Поголема ескалација спречија стјуардите и другите присутни на стадионот кои го оттргнаа лутиот фудбалер од навивачот.

– Се извинувам поради своето непримерно однесување. Можам да ветам дека ова веќе нема да се повтори, без оглед какви ќе бидат навредите во иднина. Ме навредуваа по натпреварот од трибините во мојот роден град. Тоа обично можам да го поднесам, но најлоши беа навредите кои се однесуваа на моето семејство, сопругата и ќерките, едноставно експлодирав,- изјави Лајстнер.

Инаку, на овој натпревар во ек на пандемијата од коронавирусот присуствуваа 10.000 фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни