Поврзете се со нас

Италија

Хандановиќ е втор фудбалер на Интер со позитивен ковид тест

Објавено

на

Интер има посериозни проблеми со коронавирусот откако денеска се појавил и втор позитивен тест меѓу членовите на првиот тим.

Откако беше објавено дека Данило Д’Амброзио оди на принудна пауза, во слична ситуација сега е и првиот голман Самир Хандановиќ.

Искусниот Словенец имал позитивен тест на ковид-19 и веќе е испратен во изолација во својот дом во Милано.

Д’Амброзио и Хандановиќ сигурно нема да бидат во комбинација за дуелот со Сасуоло кој се игра во сабота, а прашање е дали ќе можат да бидат подготвени и за дуелот со Болоња на 3. април.

Антонио Конте ќе се надева дека нема да се зголеми бројот на заразени, иако дел од неговите фудбалери ризикуваат и со самиот факт што по овој викенд ќе настапуваат за националните тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни