Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон тврди дека Ферстапен претерал, Макс убеден дека требало да добие простор

Објавено

на

Контактот на Луис Хамилтон и Макс Ферстапен на Монца значеше крај на трката за двајцата, а откако останаа без поени, очекувано имаа и различен коментар за истата ситуација.

Болидот на Ферстапен заврши врз тој на Хамилтон, а актулниот Формула 1 шампион смета дека ривалот бил преамбициозен во спорниот свијок.

– Макс беше преамбициозен во конкретниот момент, знаеше дека ќе се судриме.

– Продолжи да притиска и заврши со болидот врз мене, имам болки во вратот, но мислам дека ќе бидам добро, – изјавил Хамилтон.

– Инцидентот можеше да биде избегнат ако добиев простор во свијокот. Ви требаат двајца за тоа да успее, а јас бев притиснат, за жал и вакви работи се случуваат на трките, – изјавил Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни