Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон го „мотивира“ Ферстапен со истакнувањето на ривалството со Фетел

Објавено

на

Луис Хамилтон ја отвори новата Формула 1 сезона со драматична победа во Бахреин, а претстојниот викенд возбудувањата се селат на легендарната патека Имола.

Британецот е свесен за добриот болид на Ред Бул и фактот што очигледно во моментов неговиот ривал Макс Ферстапен има најдобри перформанси на патеката, но истовремено реши да испрати дополнителна „мотивација“ за холандскиот возач.

На прашањето дали Ферстапен и Ред Бул претставуваат најголем предизвик во неговата успешна кариера, тој имал интересен одговор, односно рекол дека сепак највозбудливи биле сезоните во 2017 и 2018 година, кога главен ривал му беше Себастијан Фетел во болидот на Ферари.

– Макс нема бекграунд каков што имаше Себ (Фетел). Но, секако тој има шанса да биде шампион во иднина, а тоа ќе зависи и од тоа колку добра работа ќе завршиме јас и моите тимски колеги во текот на сезоната.

– Ред Бул има добар пакет сезонава, Макс возеше одлично, а тоа е најава за супер сезона, – изјавил Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни