Поврзете се со нас

Германија

Хаман збунет од потегот на Баерн: Не ми е јасно зошто го доведоа

Објавено

на

Баерн Минхен го победи Штутгарт и сега се фокусира на реваншот против ПСЖ во Лигата на шампионите, но во меѓувреме се случуваат многу турбуленции во ростерот.

Лотар Матеус ги критикуваше Лерој Сане и Серж Гнабри, додека Дитмар Хаман има една друга дилема за која бара објаснување.

Поранешниот германски репрезентативец зборувал за ангажирањето на Жоао Кансело во зимскиот преоден рок, пред се поради малата минутажа за Портгуалецот и фактот што тој не доби шанса и на последната средба.

Јулијан Нагелсман повторно се одлучи за Јосип Станишиќ, а за медиумите изјавил дека на Кансело му е потребно време за адаптација на новите соиграчи.

– Навистина не разбирам. Ако не се вклопува во системот или му се потребни шест месеци да се адаптира, тогаш зошто го доведоа.

– Не можете да ангажирате таков фудбалер и да му давате предност на Станишиќ, – изјавил Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни