Поврзете се со нас

Германија

Халанд експлодираше под негово водство: Дортмунд договори тренер за наредната сезона

Објавено

на

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд и покрај тоа што игра многу променливо и бележи резултати под нивото нема да го менува сегашниот тренер Един Терзиќ, но од друга страна веќе пронајде стратег кој ќе седна на кормилото на екипата во натпреварувачката 2021/2022 година.

Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ потврди дека нивен нов тренер ќе биде Марко Розе, човекот кој во моментов ја води Борусија Мехенгладбах. Розе одлучил да ја прифати понудата од „милионерите“, односно да ја активира клаузулата што ја има во сегашниот договор кој му истекува во 2022 година што значи дека Дортмунд ќе мора да плати одредено обештетување за неговите услуги.

Марко има 44 години и засега има одлични резултати во кариерата, Салзбург под негово водство блескаше и освојуваше титули, додека од 2019 Менхенгладбах исто така игра на високо ниво во сите натпреварувања.

Интересно е што Розе е човекот кој му овозможи на Ерлинг Халанд да дебитира во Салзбург, поточно под негово водство напаѓачот даде 29 голови на 27 мечеви пред да направи трансфер во Борусија Дортмунд.

Ако Халанд остане во Дортмунд тоа ќе значи дека соработката ќе биде обновена што може да донесе нова екслозија на норвешкиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни