Поврзете се со нас

Шпанија

Гути нема да ја памети по добро својата прва тренерска авантура: „Галактико“ засилувањето доби отказ (Фото)

Објавено

на

Хосе Мариоја Гутиерез или попознат само како Гути е фудбалска легенда на Реал Мадрид која одлучи да ја започне својата тренерска кариера далеку од матичниот клуб, но ако се суди според првото искуство кое го имаше како самостоен тренер, може слободно да се заклучи дека не тргна воопшто добро.

Гути ја презема Алмерија на почетокот на месец ноември минатата година и тимот беше на делба на првото место кое обезбедува директен пласман во Примера, но осум месеци подоцна, некогашниот фантастичен играч за врска заработи отказ од клубот.

Активно гледано, Гути мина само пет месеци во клубот кој има големи амбиции да обезбеди промоција во Ла Лига, a како пресуден се покажа последниот пораз од Алкоркон.

Младиот стручњак 20 пати ја водеше Алмерија оваа натпреварувачка сезона, а етапата ја завршува со биланс од 9 победи, 4 реми средби и 7 порази.

– Хосе Марија Гутиерез веќе не е тренер на тимот откако донесовме вземен договор за прекин на соработката. Му благодариме за сите вложени напори и за посветеноста која ја имаше кон нашите бои. Ти посакуваме многу успеси во иднина, – гласи пораката на Алмерија.

Само за потсетување, на крајот на годината Алмерија го најави Гути како „Галактико“ засилување, но сега го испраќа тренерот од задната врата откако тимот не е на првите две места на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни