Поврзете се со нас

Франција

Голот на Марсеј од слободен удар предизвика „оптичка илузија“ во Франција, Вилјаш Боаш беше воодушевен (Видео)

Објавено

на

Марсеј победи на гостувањето кај Лориен со 0:1 на натпреварот кој се одигра изминатиов викенд, но погодокот кој го постигна тимот од „Велодром“ и натаму предизвикува огромни реакции на социјалните мрежи, особено во ситуација ако не ја прегледате снимката.

Гостите постигнаа погодок на стартот на вториот дел, но истиот беше крајно необичен и предизвика „оптичка илузија“ во Франција, бидејќи сите оние кои првпат го гледаат голот, не им е баш јасно како топката заврши во мрежата.

Имено, Флоријан Тован изведе слободен удар откосо од преку 40 метри, а кога сите очекуваа да видат гол-аут, топката заврши во мрежата. На повторената снимка се гледа дека голманот Нарди ја пропушта топката мислејќи дека нема никој зад него, но тогаш од никаде се појавува Балерди кој постигна неверојатен гол од навистина тешка позиција.

Несекојдневниот погодок ги импресионираше фудбалските фанови во Франција, но уште повеќе Вилјаш Боаш кој беше воодушевен на теренот и веднаш го прегрна асистентот Тован.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни