Поврзете се со нас

Англија

Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)

Објавено

на

Квинс Парк Ренџерс имаше сериозна негатива на гостувањето кај Сандерленд, но на крајот освои голем бод на овој дуел.

Дуелот меѓу повремените премиерлигаши во Чемпионшип заврши со резултат 2:2, а херој за гостите беше голманот Сени Диенг.

Во последните моменти од дуелот, Диенг реши да им помогне на соиграчите кои имаа корнер и на крајот ја заврши акцијата со гол постигнат со глава за еуфорично славење на ремито.

Сандерленд може посебно да жали за ваквиот резултат бидејќи имаше водство од 2:0 до 87. минута од средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни