Поврзете се со нас

Македонија

Големи промени во Кожув: Петмина си заминаа, две познати имиња се вратија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Kozuv

Екипата на Кожув има турбулетна сезона и во досегашниот дел на шампионатот забележа само три победи во 17. натпревари што секако е учинок со кој не е задоволна управата на клубот од Гевгелија.

Токму поради тоа се прават промени, а последните се драстични затоа што дури петмина играчи си заминаа, односно исто толку дојдоа на нивно место.

Kришнан, Артисон, Слејтер, Хукиќ и Пандев не се повеќе членови на Кожув, односно ангажирани се соодветни замени од кои две и се многу добро познати на црвено-белата фамилија.

Се работи за шутерот Брендон Пен и искусниот Никола Караколев кој по пет години се враќа во старата средина. Останатите засилувања се Елајџа Милер, српскиот интернационалец Бранислав Вујадиновиќ и Миљан Марковиќ.

Ривал на Кожув во 18. коло е Вардар.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни