Поврзете се со нас

Англија

Голем пресврт во ситуацијата со Пол Погба, францускиот фудбалер сега е подготвен на изненадувачки чекор

Објавено

на

Францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба речиси секое лето се поврзува со заминување од клубот.

Пред неколку месеци вистинска лавина реакции предизвика изјавата на агентот на Погба, Мино Рајола кој истакна дека неговиот клиент треба да си замине од Манчестер Јунајтед и дека веројатно ќе го стори тоа.

Сепак, по оваа изјава која беше дочекана „на нож“ меѓу фановите на Јунајтед, Пол Погба се почесто почна да добива шанса од Оле Гунар Солскјр и истата ја искористи станувајќи еден од најдобрите фудбалери на клубот.

Погба во моментов е повреден, а новинарот близок до Манчестер Јунајтед, Енди Митен сега пренесува вест која во најмала рака е изненадувачка.

Имено, Погба им посочил на челниците на клубот дека е подготвен да седне на маса и да разговара за продолжување на неговиот договор со клубот од „Олд Трафорд“. Оваа информација доаѓа како изненадување ако се земе предвид фактот што речиси сите го видоа Погба како заминува од клубот, а и изјавите на играчот во последно време не влеваа којзнае каква надеж дека тој би можел да остане во Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни