Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа оствари нова победа во Белград

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжи со одличните настапи на турнирот во Белград, кој е организиран од Академија Типсаревиќ.

Ѓорческа денеска без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Доротеја Јоксовиќ со 2:0, по сетови 6:0 и 6:4, потврдувајќи ја улогата на фаворит во дуелот со Србинката која оствари две победи во серија на крајот на минатата недела.

Источно европскиот шампионат е можност за тенисерките да одиграат квалитетни мечеви со цел да ја вратат формата по паузата поради коронавирусот, а Ѓорческа одлично се снаоѓа на терените во Белград.

Денешниот настап беше петти за неа на овој турнир, на кој веќе има четири победи.

Утре, Ѓорческа ќе се соочи со турската тенисерка Башак Ерајдин, која претходно загуби во дуелот со Јоксовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни