Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа направи голем скок на ВТА листата и е блиску до најдобриот пласман во кариерата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше одличен настап на фјучерсот во Србија каде успеа да слави во Куршумијска Бања, резултат кој пак и донесе голем напредок на ВТА листата.

Ѓорческа издоминира во финалето во Србија и стигна до прва сингл титула во 2023. година

На најновото рангирање, Ѓорческа има скок од 30 позиции и одново е меѓу 200 најдобри тенисерки на светот. Лина сега има 399 поени што е доволно за 186 место или поточно е многу блиску до најдобриот пласман во кариерата, 170 позиција која ја имаше во јуни 2017 година.

Напред отиде и Магдалена Стоилковска (7 места) која сега се наоѓа на 1237 место. Во двојки пак Ѓорческа е 309, додека Магдалена 1475 на планетава.

Кога е во прашање самиот врв, Сабаленка е број еден по што ја следат Швјонтек, Гоф, Пегула, Рибакина…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни