ВТА
Ѓорческа издоминира во финалето во Србија и стигна до прва сингл титула во 2023. година
Лина Ѓорческа успеа да ја пронајде својата најдобра форма во најважниот дел од турнирот во Куршумијска Бања, па така ова претпладне стигна и до првиот трофеј во сингл конкуренција во 2023-та година.
Најдобрата македонска тенисерка фуризоно славеше во четвртфиналето и полуфиналето, а без загубен сет го заврши и денешниот меч за титула на фјучерс турнирот во Србија.
Лина не и даде никакава шанса на ривалката од Хрватска, Антонија Ружиќ, па со 6:3 и 6:3 во двата сета стигна до посакуваниот трофеј, кој е прв за неа во сингл конкуренција по оној во Хераклион минатата година.
Вкупно гледано, ова за Ѓорческа е 13-та титула во кариерата, а до истата дојде на нависитна доминантен начин во завршните три рунди од турнирот.
Фјучерсот во Србија се играше на земјена подлога и имаше вкупен награден фонд од 40 илјади долари, па супер вест е што најголемата награда ќе заврши кај Лина која како петта носителка на турнирот стигна до трофејот.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот