Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ собори еден рекорд на Надал, во Виена ќе брка уште два

Објавено

на

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ собори еден рекорд на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, а на натпреварувањето во Виена ќе брка уште два рекорди кои во моментов ги држат Пит Сампрас и Пит Сампрас.

Популарниот Ноле постави рекорд во бројот на недели поминати на врвот на АТП листата за играч кој е постар од 30 години.

Ѓоковиќ во моментов ја минува 69. недела како 30 годишник кој е на врвот на АТП листата со што го премина Рафаел Надал кој 68 недели беше на врвот на оваа листа како 30 годишен тенисер.

На третата позиција е Андре Агаси со 33 недели поминати на врвот, додека четврт е Роџер Федерер со 25 недели на врвот на АТП Листата.

Инаку ова за Ѓоковиќ ќе биде вкупно 292. недела по ред на првото место на АТП Листата, а по учеството на турнирот во Виена би можел да остане до крајот на годината на врвот што би било шести пат годината да ја заврши како првопласиран.

Тој рекорд сега го држи Пит Сампрас, а за Ѓоковиќ да го мине ќе му требаат само две победи во Швајцарија.

Ѓоковиќ е на чекор кон уште еден рекорд кој го држи Роџер Федерер со вкупно 310 недели поминати на првата позиција. Овој рекорд Ноле би можел да го престигне доколку остане на врвот на АТП Листата до 8 март следната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни