Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го потврди учеството на АТП Куп: Добро е за тенисот што тој доаѓа во Австралија

Објавено

на

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го потврдил учеството на турнирот АТП Куп, репрезентативно натпреварување кое се одржува во Сиднеј.

Во текот на денешниот ден организаторите на натпреварувањето потврдија дека најдобриот светски тенисер ќе ја предводи Србија на натпреварувањето што ќе се одржи во Австралија.

На ваквите вести коментар даде некогашниот австралиски тенисер, Тони Вулдбриџ кој истакна дека е воодушевен со вестите дека Ѓоковиќ ќе дојде во Австралија, што практично го потврдува и досега непотврденото, дека тој ќе настапи и на Австралија Опен.

– Тоа е добро за тенисот, навивачите на Новак ќе се радуваат, а ист така и сите љубители на тенисот во Сиднеј. Имаше избор да се пријави или не, а тој го запиша своето име и тоа значи дека треба да веруваме дека ќе дојде да игра на сите турнири овде.

– Огромен влог за него е кога станува збор за рушењето на грен слем рекорд. Изгледа дека навистина ужива во Мелбурн, тоа е најуспешен турнир за него, -изјави Вулдбриџ.

За влез во Австралија потребно е да бидеш вакциниран, а иако Ѓоковиќ нема јавно откриено дека примил вакцина против Ковид-19, јасно е дека го сторил тоа и дека веројатно нема да има проблем да се појави и на Австралија Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни