Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го израмни рекордот за кој сите мислеа дека никогаш нема да биде урнат, Ивановски напредуваше 16 места (Фото)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ пишува тениска историја и во деновите кога одмора од напорот кој го имаше во Австралија и кога е блиску до своите сонародници во Белград, бидејќи понеделничката АТП листа носи податок кој долго се очекуваше.

Откако се врати на првото место по десеттиот триумф во Австралија, Ѓоковиќ денеска стигна до 377-та недела како светски рекет број еден, со што го израмни рекордот кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде урнат.

Ноле го израмни неверојатниот рекорд на Штефи Граф која со децении беше лидер на вечната листа по бројот на минати недели на врвот на АТП и ВТА листата, но истиот ќе трае само уште седум дена.

Оваа недела Ноле и Штефи ќе бидат изедначени, а следниот понеделник, Ѓоковиќ ќе биде апсолутен крал со 278 седмици на врвот на АТП листата и ќе направи нешто што на никој не му успеало во машкиот и женскиот тенис.

Од друга страна, за издвојување е и напредокот на нашиот најдобар тенисер, бидејќи Калин Ивановски скокна 16 позиции и сега е 478 место со 84 поени, што е и негов најдобар ранкинг во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни