Поврзете се со нас

АБА лига

Герила акција против првиот човек на КФМ: Не биди Перо, навивај за МЗТ (ФОТО)

Објавено

на

МЗТ Скопје одигра три рамноправни четвртини со Црвена Звезда, меѓутоа тоа беше далеку од доволно за било какво изненадување против „црвено-белите“ на средбата во Аеродром.

Голем број на луѓе беа присутни на средбата во СЦ „Јане Сандански“, а меѓу нив беше и првиот човек на нашата кошаркарска федерација Перо Антиќ. Антиќ е познат како голем навивач на Звезда, па пред неколку денови се појави и со дуксер на овој клуб на ракометниот спектакл меѓу актуелните и поранешните наши репреентативци.

Сето ова беше искористено за герила акција против него, па долгогодишниот економ на „штрковите“ се појави со еден интересен натпис со кој застана веднаш до него.

-Не биди Перо, навивај за МЗТ, -стоеше на картонот, фотографија која на социјалните мрежи беше објавена од „Фемили Аеродром“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни