Поврзете се со нас

НБА

Гасол со емотивна изјава на еден ден пред годишнината на Коби: Мислев дека на свои нозе ќе излезе од тој инцидент….

Објавено

на

Пау Гасол нагласи дека загубил дел од себе кога Коби Брајант трагично го загуби животот во хеликоптерската несреќа која се случи во месец јануари 2020-та година, а на еден ден пред одбележување на годишнината од неговата смрт, легендарниот шпански кошаркар излезе со уште една емотивна изјава во интервјуто за „ЕСПН“.

Гасол имаше специјална врска со „црната мамба“ и секогаш го нарекуваше свој постар брат, па во неговата чест и во чест на неговата ќерка која исто така погина во несреќата, својата новородена ќерка ја крсти Џиана (Елизабет Џиана Гасол).

Шпанецот беше еден од оние кои беа најголема поддршка за семејството Брајант по големата трагедија и замина во Америка за да мине време со Ванеса и останатите ќерки на Коби, а на еден ден пред одбележување на ужасниот 26-ти јануари, Гасол потенцира дека се уште не може да поверува дека Брајант не излегол како победник во трагедијата.

– Коби е мојот постар брат кој никогаш го немав. Имавме неверојатна пријателска врска, многу се сакавме. Понекогаш му велев дека добро е да бидеш и ранлив понекогаш, но тој никогаш не го покажуваше тоа. Сакаше да биде најдобар татко на свет, целата своја љубов им ја посветуваше на своите ќерки.

– Поради тоа, сакав да бидам блиску до Ванеса и неговите ќерки. Комплетното име на мојата новородена ќерка е Елизабет Џиана Гасол, тоа што ја има Џиана во нејзиното име многу ми значи. Ќе се обидам да бидам добар татко како него. Се уште не сакам да поверувам што се случи, утре се прави една година. Мислев дека Коби неповреден ќе излезе од тој инцидент на свои нозе, тој беше до толку непобедлив во реалниот живот, – потенцира Гасол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни