Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фудбалска култура на ниво: Играчите на Реал воодушевија со потезите на „Итихад“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Шпанската фудбалска култура се гради со децении и една од најголемите вредности на Пириените е почитта која се искажува кон ривалскиот клуб, а многу често тоа знае да биде поврзано со респектирање на противничкиот грб.

Газењето на грбот на еден клуб се смета за огромно непочитување во Шпанија и голем дел фудбалери ја научија лекцијата во изминатите десетина години, но оние на Реал дефинитивно мора да се пофалат кога е оваа фудбалска тема во прашање.

Позната шпанска емисија „Ел Чирингито“ објави видео кое докажува каква култура имаат изградено ѕвездите на Карло Анчелоти, кој вчера свесно го заобиколувале грбот на Манчестер Сити, со цел да не повредат чувство на било кој од противничкиот табор.

Објавата на „Ел Чирингито“ брзо стана вирална и видеото се споделува од илјадници фанови ширум светот, а оние од Англија потенцираат дека премиерлигашките треба да учат од кралските ѕвезди.

Реванш четвртфиналето меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид се игра вечерва на „Итихад“, натпревар на кој двата тима влегуваат со подеднакви шанси за пласман во полуфиналето (првиот меч заврши 3:3).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни